Училишна библиотека

На задоволство на учениците, вработените и родителите, во училиштето со години функционира една од најубавите училишни библиотеки, а воедно и првата библиотека-медијатека во државата.

Располага со соодветен и современ библиотечен материјал - околу 24820 библиотечени единици од кои, само книги се: 24564 кои им се на располагање на учениците.

Книжниот фонд содржи стручна литература за наставниот кадар, задолжителни лектири, сликовници, актуелна литература за деца и млади како и најсофистицирани енциклопедии преку кои систематски се развива културата на читањето и претставува голема помош во учењето.

Библиотека има свој амблем, химна, нов соодветен наменски простор во новиот училишен објект и со неа покрај училишниот библиотекар раководи и библиотекарската секција.

Библиотеката е целосно инкорпорирана во наставниот процес и таа претставува едно од најомилените и најфреквентните катчиња во училиштето во кое со задоволство учениците и вработените ги реализираат своите програмски задачи од редовната настава, додатната настава и слободните ученички активности.

Посебна благодарност до Јелица Мариќ - библиотекар во пензија, која остави неизбришлив траг во работата на училишната библиотека и со своето несебично залагање и посветеност е директно заслужна за училишната библиотека таква каква што ја имаме денес.

Училишната библиотека во старото училиште