ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА

Post date: Dec 27, 2016 11:4:18 AM

Учениците од V-г одделение од подрачното училиште во Пинтија, заедно со својата наставничка Кети Сталеска организираа хуманитарна ликовна изложба под мотото:

Од почетокот на учебната година учениците вредно цртаа, сликаа, обликуваа и дизајнираа ликовни творби и истовремено со голем интерес учеа за ликовниот јазик (ликовните елементи, принципи, подрачја, техники). Стекнатиот труд и знаења успешно ги сумиравме презентирајќи ги пред учениците од I, II, III, IV одделение и нивните одделенски наставници и останатите вработени и ученици од училиштето кои покажаа интерес за посета на изложбата.

Хуманитарната ликовна изложба се одржа (петок и понеделник) на 9. и 12.12.2016г. Секое одделение беше покането со покана и изложбата ја посети засебно, водено од 4 тима со по 6 ученици кои имаа различни задачи како презентери, организатори и водичи на ликовната тура, публицисти. Еден ученик од нашето одделение ја имаше улогата на менаџер на целокупниот проект, а двајца ученици беа задолжени за фотографирање. Додека нашите гости ги разгледуваа цртежите и останатите изработени творби, двајца ученици играа шах, на една од творбите кои се изработени од учениците, а истовремено група од ученици моделираа од глина: Музичар со иструмент, како вистински уметници. При посетата на ликовната изложба посетителите донираа училишен прибор и заедно со приборот кој е дониран од учениците од 5-г одделение ќе биде организирана посета на деца без родители и истиот ќе им биде подарен. Но, најважна цел од оваа средба беше дружбата, ширењето нови познаства и искуства. Во завршниот дел на ликовната изложба, нашите посетители беа почестени со бонбончиња, пораки со мудри мисли и им беше врачена БЛАГОДАРНИЦА.

Проектот е реализиран со подршка на директорката Елизабета Славковска, на која исто така и се врачи БЛАГОДАРНИЦА.

Одговорен наставник: Кети Сталеска