Oбукa: „Учење преку игрa“

Post date: Jun 06, 2016 8:5:43 AM

На 06.05.2016г. професорката по одделенска настава и авторка на прирачникот „Учење преку игрa“ - Кети Сталеска, реализира обука на активот на одделенските наставници, во присутво на педагогот - Весна Рафеска, психологот - Јорданка Радеска и директорката - Елизбета Славковска.

Прирачникот е прв од таков вид како самостојно и авторско дело во кое се содржани игровни техники за подучување на учениците. Различноста и специфичноста на овој прирачник е спојот на когнитивните со физичките активности при совладување и утврдување на наставните содржини. Истовремено, игровните техники или игрите за подучување лесно се прилагодливи кон различни наставни цели или образовни системи. Основна причина за тоа е единствениот мотив кој преовладува во прирачникот- играта, која е суштинско значајна активност и потреба за правилен психо-социо-емоционален и физички развој на децата, искористена како наставно средство и помагало во едукативниот циклус за учениците од почетните одделенија.

Прирачникот е рецензиран од проф. Елица Младеновска и м-р Петар Ивановски. Обуката се состоеше од два дела. На почетокот, наставниците беа запознаени преку презентција со тоа што е играта и колку е значајна за детскиот развој преку искази и истражувања од светски значајни психолози, едуктори, педагози и сл. Вториот дел од обуката се состоеше од практичен дел каде наставниците ги реализираа дел од предложените игровни активности, симболично поистоветувајќи се во улога на ученици. На крајот од обуката се сумираа позитивни импресии и коментари од учесниците. Исто така, обуката беше земена како основа за дополнителен поттик на наставниците за похрабро споделување на нивните идеи, мотив искажан од страна на психологот.