ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!!!

Post date: Sep 06, 2016 10:30:20 AM

Денеска, 1. септември 2016 г., како и во сите училишта, така и во нашето, започна новата учебна година.

Почетокот традиционално беше одбележан со прием на првачињата. За таа цел нивните постари другачиња подготвија и изведоа куса приредба, по што свое обраќање кон дечињата и нивните родители имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска. На крај првачињата со своите учителки појдоа во нивните училници каде им беа поделени скромни подароци и каде поубаво меѓусебно се запознаа.