ВО ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Post date: Feb 13, 2017 8:0:15 AM

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонијаa на 10.02.2017 година во 13 часот се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

На церемонијата присуствуваа ученици од ООУ “Рајко Жинзифов“ од подрачното училиште од н. Пинтија. Имено цела паралелка 2-г со подршка од родителот Горан Стојчевски имаа можност и со задоволство ја проследија церемонијата за свеченото менување на државното знаме. Директорката на училиштето Елизабета Славковска на претседателот му подари скромен подарок како благодарност за укажаната прилика за учеството на нашето училиште на церемонијата. Учениците имаа можност да видат и дел од просториите на претседателската резиденција.