Професионален развој

На 10.11.2016 год. на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа еднодневна обука за директори и стручни соработници.

Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски кој имаше свое излагање со презентација на тема:

- Менаџмент на знаење и

-Стандарди за компетенции на директорот на образовна организација

За Значењето на формалното образование во создавањето на компетенции на директорите и стручните соработници во образовните институции презентираше проф. д-р Александра Стоилковска .

На обуката присуствуваше директорката Елизабета Славковска и педагодот Весна Рафеска. На крајот беа поделени и сертификати за сите учесници.

Post date: Nov 23, 2016 12:12:56 PM