Кодекс на однесување

За убав, пријатен и безбеден престој во училиштето, потребно е учениците да почитуваат

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

1. Доаѓај на училиште точно на време!2. Грижи се за личната хигиена и хигиената во училиштето!

3. Изгледај и облекувај се пристојно!

4. Зборувај без да користиш непристојни зборови!

5. Не предизвикувај и не учествувај во караници и физички пресметки!

6. Движи се низ училишните простории тивко и примерно!

7. Покажи грижа и почит кон своите наставници и кон останатите ученици!

8. Кажи го своето мислење но послушај го и почитувај го и туѓото мислење кое може да биде и различно од твоето!

9. Исполнувај ги своите училишни задолженија најдобро што можеш!

10. Биди внимателен и активен на часовите!

11. Прашај ги своите наставници за се она што не го разбираш!

12. Разговарај со своите наставници за она што ти се случува во училиштето и надвор од него!

13. Разговарај со своите родители за она што го учиш во училиште, што ти

се случува и како се чувствуваш во училиште!