Информации од јавен карактер

Информации од јавен карактер

Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), имателот на информации -  ООУ „Рајко Жинзифов“Кисела Вода, Скопје, за службено лице кое посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер го определи  лицето:

Николина Петровска – секретар

Телефон: 02 2 791-025

ООУ „Рајко Жинзифов“Кисела Вода, Скопје

Ул. „Иван Хаџиниколов“ бр. 2, 1000 Скопје

Република Северна Македонија

Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Рајко Жинзифов“ Кисела Вода, Скопје, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Рајко Жинзифов“Кисела Вода, Скопје, непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „Рајко Жинзифов“Кисела Вода, Скопје, ул. „Иван Хаџиниколов“ бр. 2, 1000 Скопје, како и да се поднесе во електронска форма на: rajko_zinzifov@yahoo.com 

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање  или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на slobodenpristap.mk

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Николина Петровска, контакт телефон: 02 2 791-025

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Процедура за жалба 

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk/

 


Годишни извештаи од јавен карактер

God izveshtaj 2020.pdf
Godisen izvestaj 2021.pdf
God.izvest.od 1.1.22 do 31.12.22.pdf