„Македонија без отпад“-еколошка секција при ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево

Post date: Oct 31, 2016 8:6:1 AM

На 30.9.2016 година беше реализирана еколошка акција во нашето училиште согласно со акцијата - Македонија без отпад“. Во нашето училиште беа организирани низа активности од страна на учениците членови во Еколошката секција во која се вклучени ученици од одделденска и предметна настава.Тие го исчистија училишниот двор од отпадоци, ги поттикнуваа другите ученици да го следат нивниот пример за да се развива колективно еколошката свест во училиштето.Акцијата траеше околу еден час и училишниот двор беше успешно очистен од отпадоци. Учениците учесници во акцијата беа фотографирани за објава во училишниот весник. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.

30.9.2016 г. Одговорни наставници: Светлана Жежовска –одделенски наставник

Н.Драчево-Скопје Љубица Наумова –предметен наставник