ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“

Post date: Nov 03, 2016 9:43:16 AM

Во учебната 2015/16 година на нашите спортски терени и со учество на наши ученици од четврто и петто одделение, а во соработка со УСАИД и Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се работеше на изработка на прирачник „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Истиот е подржан од: МЦГО, МОН, БРО, ДПИ и шест невладини организации.

За таа цел на спортските терени неколку дена учениците практично ги изведуваа спортските активности и забавни игри предводени од стручни лица од „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ кои воедно ги обезбедија и потребните реквизити.

Учениците непосредно имаа можност да играат, да се забавуваат, другаруваат, да учат едни за други и да стекнуваат позитивни вредности и искуства кои влијаат врз намалувањето на етничките и родовите стереотипи и предрасуди.

Овој прирачник е наменет за наставниците од основните училишта и истиот е отпечатен на четири наставни јазика: македонски, српски , албански и турски јазик.

На 06.10.2016 г. тимот на УСАИД организираше промоција на прирчникот на која почесен гостин беше нашето училиште, односно децата учесници, нивните родители и дел од вработените на училиштето. Настанот се случи во попладневните часови во објектот „Централ Парк“ – Градски парк.

Презентација одеше на видео-бим, а на нашите ученици им беа поделени Сертификати како и скромни подароци маица и капче. Секој ученик доби и по еден примерок од прирачникот.

На 08.10.2016 г. тимот на УСАИД и „Отворени Забани Фудбалски Школи“ во Градскиот парк организираа настан каде практично беа презентирани игрите од прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Учениците од нашето училиште имаа можност да се дружат, играат и забавуваат со 250 деца од повеќе места во Македонија.

Училишен педагог:

Весна Рафеска