Краток историјат за училиштето

ООУ Рајко Жинзифов - Кисела Вода - Скопје

Основното училиште „Рајко Жинзифов“ лоцирано во населба Драчево, Кисела Вода официјално започна со работа на 1 август 1964 година.

Училиштето е плод на хуманоста и солидарноста на народот и Владата на Велика Британија, кои по земјотресот во 1963 година со изградбата на овој објект овозможија ниедно детство да не запре, туку напротив, тоа да биде посреќно и поубаво.

Иако објектот беше од времен карактер со цел да послужи десетина години, благодарение на квалитетната градба тој нè служеше речиси педесет години.

Благодарение на македонското пријателство со Република Кина, од 1.09.2014 год. училиштето е сместено во нов современ училишен објект изграден според современите стандарди за изведба на наставно-образовниот процес.

Училиштето располага со 34 училници за изведување на кабинетска настава, специјализиран кабинет за странски јазици, комплетно опремен кабинет по информатика со најнова технологија, опремени кабинети за предметите од природни науки, техничко образование, наставнички канцаларии и други пропратни простории на вкупно 4500-м2 .

Во состав на нашето училиште е подрачното училиште во населбата Пинтија.