ДЕТСКА НЕДЕЛА

Post date: Oct 31, 2016 8:45:28 AM

Во периодот од 03.10 до 07.10. 2016 година во нашето училиште се одбележа Детската недела под мотото: „И децата прашуваат“, со низа активности од прво до петто одделение.

Ø Моите права моите обврски;

Ø Ајде да се дружиме, помош да си пружиме-изработка на апликации ,,рачиња,, -пишување порака до наше другарче;

Ø И децата се прашуваат –ликовно и литературно творење;

Ø ,,Дрво на убави зборови ” –пишување убави зборови на ,,срциња”;

Ø Сликање на тема ,,Чекориме во убавиот детски свет“;

На 7.10.2016 година учениците од прво одделение станаа членови на Детската организација, кога им беа поделени беџови и детски пасоши. За таа цел беше организирана и свечена приредба и прочитана заклетвата. На учениците од второ до петто одделение им беа поделени маркички во вредност од 5 денари. Собраните средства од маркичките остануваат за потребите на Детската организација, додека паричните средства од беџовите ќе бидат уплатени на жиро сметка на Советот за грижи.

Одговорни наставници: Богданка Пановска, Весна Милановска