Проект „Училишни градини“

Post date: Dec 05, 2019 7:59:44 AM

На 4. декември 2019г., во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Козле се одржа завршната манифестација на проектот „Училишни градини – училници на иднината“, за 2019 година, кој што го иницираше и координираше НВО Slow Food-Водно. Во проектот учествуваше и нашето училиште, заедно со уште девет други од повеќе општини од Скопје. Партнер и донатор на овој проект е Град Скопје, чиишто претставници беа присутни и на завршната изложба.

Повеќе...