ОБУКА НА УЧЕНИЦИ „ УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО “

Post date: Nov 03, 2016 9:37:51 AM

Секоја учебна година во нашето училиште , од страна на училишниот психолог Јорданка Радевска , се реализира обука на ученици од VI одд. Целта на обуката е учениците да се стекнат со вештини за ненасилно однесување и решавање на конфликти .

* Што всушност научивме?

-Научивме колку се значајни пораките кои ги добиваме од нашите родители, наставници, врсници, но и колку е важно какви пораки ние упатуваме кон другите;

-Научивме дека секој има различно мислење за конфликтот и секој може да реагира на различен начин, но многу е важно да се умее да се сослуша другата страна;

-Важно е да ги почитуваме сопствените потреби, но исто така е особено важно да умееме да ги почитуваме и туѓите потреби и интереси;

-Исто така од особена важност е развивањето на чувството на толеранција кон различностите;

-Научивме дека проблемот, всушност, не е решен ако едниот се чувствува победник, а другиот поразен. Конфликтот е решен само ако двете страни се чувствуваат како победници.

При решавањето на конфликтите важно е да се почитуваат неколку правила:

1.Наместо непријатни пораки да се обидуваме да испраќаме пријатни пораки кои ќе предизвикаат чувство на задоволство, разбирање и ќе го отворат патот кон соработка;

2.Најважно е да се обидеме да ги решаваме конфликтите, а не да ги оставаме да тлеат и да ги потиснуваме, затоа што тогаш тие стануваат уште посилни;

3.Затоа, секогаш разговарајте со оној со кого сте скарани, со оној со кого имате проблем, но притоа секогаш внимавајте не само на вашите потреби и интереси, туку и на потребите и интересите на другиот.

Секако дека тоа не е така едноставно, но ако се почитуваат вештините како што се:

- активно сослушување,

- избегнување на лутината и бесот,

- мирољубиво однесување,

- и да се има подготвеност да се признае вината,

навистина ќе се почувствувате многу посигурни во решавањето на сите проблеми.

Затоа и оваа обука наm ни помага во градење на подобра клима во училиштето, но и во постигнување на нашата цел: Создавање на УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО каде секој ќе се чувствува задоволен и безбеден .

Кировски Петар – ученик од VI б

Психолог: Јорданка Радевска