ВО ПРЕСРЕТ НА НОВА ГОДИНА

Post date: Dec 21, 2016 8:14:42 AM

Реализирана проектна активност:

Новогодишна работилница во соработка со родители како дел од Проектот „Новогодишна панорама“

На 16. 12. 2016 година во соработка со родители од II - б одделение при нашето училиште, беше реализирана новогодишна работилница во која беа изработрени прекрасни новогодишни украси.

Овие предмети беа изработени од многу едноставни материјали за работа, како: памук, хартија во боја, пластични шишиња, сијалици и др..

Откако заврши работилницата овие новогодишни украси беа изложени во ликовните катчиња во нашата училница и подготвени за Новогодишниот базар кој ќе се реализира следната недела, заедно со приредбата која ја подготвивме за родителите на нашите ученици од второ – б одделение при нашето училиште.