Од посетата на детскиот фестивал „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“

Post date: Nov 21, 2016 9:15:55 AM

На 17.11.2016 година – четврток, учениците од нашето училиште од I до V одделение, организирано го проследија детскиот фестивал „Златно славејче“ во Вип-арената - „Борис Трајковски“. За таа цел претходно беше обезбеден организиран превоз до салата и назад до училиштето. Фестивалот беше добро организиран и со големо задоволство беа проследени сите настапи од учесниците во фестивалот. Кај учениците се забележуваа позитивни чувства и добра забава, односно тие играа и пееја во рамките на својата група. Доброто расположение се пренесе и во автобусите за назад, па така со песна, безбедно и со позитивна енергија се вративме во своето училиште.