Истражување : Присуството на страв кај учениците со различно ниво на постигнувања и различни стилови на однесување во семејството

Post date: Dec 27, 2016 10:59:47 AM

Задачи на истражувањето:

* 1. Да се утврди видот и степенот на присутен страв кај учениците од седмо одделение (споредба во два периода 2006 и 2016 год.)

* 2. Да се утврди поврзаноста помеѓу различни видови страв и успехот на учениците;

* 3. Да се утврди поврзаноста помеѓу успехот и различните стилови на родителство

Примерок : 88 ученици од седмо одделение

Применети инструменти :

* 1 . Прашалник за присуство на различни видови стравови;

* 2.Прашалник „ Однос родител-дете“

* Страв поврзан со учлиштето (при обработката е земен највисокиот интензитет-многу)

* Страв поврзан со семејството

*Страв поврзан со други фактори

* Учениците со различно ниво на постигнување манифестираат страв во висок процент со нагласен интензитет ;

*Кај двете групи ученици нагласен е стравот од разделби , од напуштање на некој член од семејството ;

*Манифестирањето на овој вид на страв говори колку учениците се чувствуваат несигурни во своето семејство, а тој страв секако се рефлектира многу пошироко и врз општата сигурност на детето восекоја средина,па и во училиштето ;

*Дел од причините за честото манифестирање на насилство кај учениците од оваа возраст можеме да ги бараме токму во оваа насока, затоа што насилството изразува револт,несигурност, независнодали причинителот е семејството или училиштето;

* Кај испитаните ученици се забележува дека доминантен стил на однесување кај нивните родители е демократскиот, во помал процент е застапен авторитарниот и попустливиот стил;

*Во најголем број од семејставата на учениците од овој примерок постојат правила на однесување, но тие не се често образложени пред нивните деца;

*Голем број од родителите им ги исполнуваат сите желби на своите деца;

*11,3 % од учениците со послаб успех сметаат дека нивните родители се преокупирани со сопствените потреби и не им посветуваат доволно време;

*Учениците сметаат дека нивните родители поминуваат доволно време со нив ,

*Авторитарниот стил на воспитување е повеќе присутен кај учениците со пониско ниво на постигнувања, а демократскиот кај учениците со повисоко ниво на постигнувања. Ефектите од демократскиот стил на однесување е јакнење на самодовербата,одговорноста,повисоко ниво на самоконтрола,повисок успех.

Заклучок и насоки :

1.Учениците од овој примерок манифестираат страв од различен вид со висок интензитет ;

2.Најизразен е стравот од : напуштање на некој член од семејството, од изрекување на педагошки мерки,да не се разболи некој член од семејството,од сообраќајнинесреќи и постигнување на слаб успех ;

3.Кај двете групи ученици (ученици со одличен успех и ученици со пониски постигнувања) најизразен е стравот од разделби, да не ги напушти некој член од семејството;

4.Најголем број од учениците се изјасниле дека во нивните семејства се практикува демократскиот стил на воспитување , но не е мал бројот на ученици кои се изјасниледека има авторитарен стил на воспитување во нивните семејства (повеќе кај учениците со пониски постигнувања);

* Наведените податоци од ова истражување укажуваат на емоционална состојба кај учениците која секако може значајно да влијае врз секојдневното живеење во училиштето и семејството.

* Потребно е да се создаваат услови каде се помалку ќе се манифестираат овие видови стравови и каде ќе се има можност да се намали нивниот интензитет.

* Секојдневното живеење со висок степен на интензивен страв од повеќе чинители значајно делува на севкупното ментално здравје на секоја личност,особено во овој развоен период во кој се учениците од испитаниот примерок.

Психолог Јорданка Радевска