Соработка со деловна заедница

Post date: Nov 23, 2016 12:7:3 PM

На 18.10. 2016 год. нашето училиште оствари соработка со МАКПЕТРОЛ АД . Имено, на нивниот настан - отварање на бензиска станица во н. Пинтија учествуваше хорот при ПУ,,Рајко Жинзифов“ кој се претстави со корпоративната песна на Макпетрол - ,,Насмевни се“ .

На 18.11. 2016 год. Раководителот на секторот за маркетинг Мишко Тасевски при МАКПЕТРОЛ АД оствари средба со директорката Елизабета Славковска и при тоа подари музичка опрема за училиштето. Директорката искажа задоволство за заедничката соработка и се заблагодари за подарокот кој искрено се надева дека ќе најде голема примена на часовите по музичко образование, а во исто време ќе придонесе и за зголемена нагледност во наставата.