Лична карта на училиштето

ОУ “РАЈКО ЖИНЗИФОВ” КИСЕЛА ВОДА, СКОПЈЕ

Населба

Драчево - Пинтијa

Адреса

Ул. “Иван Хаџиниколов,, бр. 2

Телефон

02 2 791-025

Директор

Горанчо Јакимов

Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Симбол на кинеско-македонско пријателство, е сместено во населба Драчево, општина Кисела Вода.

Својата воспитно образовна дејност училиштето ја започна на 1.08 1964 год. во населба Драчево со 1226 ученика распоредени во 24 паралелки од 1 до 8 одделение. Големиот број ученици доведе до отварање на нови училишта како и на подрачно училиште во н. Пинтија. Сега во подрачното училиште се реализира воспитно образовна работа за ученици од прво до деветто одделение. 

Наставата во училиштето се изведува на македонски наставен јазик. Во централното училиште се опфатени ученици од регионот на населбата Драчево, од с.Љубош, од населеното место Врапче и дел од с.Батинци. 

Од 1-07-2012 год. отпочна изградба на НОВО УЧИЛИШТЕ, донација од НР Кина, и веќе од 01,09,2014г. воспитно образовната дејност се изведува во нов училишен објект. 

Површина на објектот и коридорот: 4,276 м2

Површина на училишен двор: 13,758 м2

- спортски игралишта: 3,642 м2

     - кошаркарско игралиште: 901 м2

     - фудбалско игралиште: 1,785 м2

     - атлетска патека: 956 м2

- просотор за активности и поле за науки: 10,116 м2

Училиштето работи во смена: една и половина смена

Број на одделенија: 9

Број на паралелки: 38 +1 продолжен престој во ПУ Пинтија

Број на ученици: 775

Број на вработени: 77

Број на наставен кадар :59

Број на стручни соработници: 4

Број на административни работници: 1

Број на вработени во техничка служба: 13

Подрачното училиште располага со 6 училници во кои се реализира настава за ученици од одделенска и предметна настава, како и една училница во која се реализира настава по информатика, една канцеларија, просторија за нагледни средства, просторија за распределба на ужина, тоалети. Училиштето не располага со фискултурна сала, има само игралиште од отворен тип каде се реализира наставата по физичко и здравствено образование. 

Училиштето се затоплува со сопствено парно греење на дрва.

Подрачно училиште во н.Пинтија

адреса, општина, место: н.Пинтија

телефон: 02/ 2728-601

Основано: 1984 година

Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик

Година на изградба: 1983

Тип на градба: тврда градба

Површина на објектот и коридорот: 746 м2

Површина на училишен двор: 2,800 м2

Училиштето работи во смена: две смени

Број на одделенија: 9

Број на паралелки: 11 +1 продолжен престој

Број на ученици: 228