Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Post date: May 13, 2016 7:57:2 AM

Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“

На 06.05.2016г. учениците од двете партнер училишта: ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево и ЦОУ„Алија Авдовиќ“-с.Батинци, со цел за запознавање и непосредно учење едни за други, градење групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите и меѓусебната соработка и кохезија, зедоа учество во одбележувањето на патрониот ден на општина Кисела Вода „6 Мај – Гурговден“.

За таа цел преку неколку заеднички средби 12 ученички (по 6 од двете училишта) заедно со нивните наставници заеднички приготвија кореографија на одбрана композиција. Преку содржината на песната и чекорите од кореографијата децата пренесоа порака дека секое дете сака да живее во чиста и здрава средина. Учениците изработија и заеднички пано на двата наставни јазика со што ѝ го честиттаа празникот на општината. Сите ученички на главите носеа венец со цветови како симбол за празникот „Ѓурѓовден“ и имаа исти маички во неколку бои.

За цело време на активностите напоредно се користеа двата наставни јазика, а најавата на точката на приредбата исто така беше искажана на двата јазика.

Ученичките искажаа големо задоволство за ваквата активност и посакаа повторно да се реализира слична активност со учениците од двете училишта.